Работење во Германија – работа и дозвола за престој

Работа во Германија за стручна работна сила од целиот свет

Германија е омилена и атрактивна земја за имиграција, која има недостиг од квалификувана стручна работна сила. Ние си поставивме за задача да преземеме нешто против недостигот од стручна работна сила, така што на квалификувани работници од целиот свет им помагаме во пронаоѓањето работно место во Германија. Ја нудиме нашата поддршка дури и кај бирократските препреки на патот во животот и работењето во Германија.

Сакате да конкурирате за работа во Германија? Со нас тоа е едноставно!

Преку нашата интернет-платформа, работодавците во Германија можат да пронајдат стручна работна сила од целиот свет и да воспостават контакт со барателите на работа. Притоа, конкурирањето за стручната работна сила е многу едноставно:

  • Откако ќе се регистрирате на платформата Employland, можете да го докомплетирате Вашиот личен профил и бесплатно да го објавите. Во нашите онлајн-формулари Ви поставуваме прашања за сè она што е релевантно за фирмите во Германија.
  • Преку Вашиот личен профил ќе Ве пронајдат работодавци во цела Германија. Само работодавци кои се регистрирани на платформата на Employland можат во потполност да ги видат сите податоци од Вашиот профил.
  • Првиот контакт на платформата Employland секогаш доаѓа од работодавецот, и затоа е од голема важност профилот да Ви е комплетно пополнет. Employland не објавува огласи за работа во кои фирмите бараат работна сила.

Посредувањето работа за стручна работна сила секогаш е бесплатно; само работодавецот плаќа надоместок.

Виза, работна дозвола и признавање на квалификациите

Во зависност од државјанството и местото на живеење, кај различни надлежни установи мора да се поднесат различни поднесоци (барања). На пример, тоа може да биде поднесување барање за добивање дозвола за престој или постапка за признавање на стручна квалификација или факултетска диплома. Ние ќе Ви помогнеме околу ваквите работи. По правило, Вашиот иден работодавец ги сноси сите потребни трошоци во врска со постапката.

Германски јазик

Освен професионалните и законските предуслови, Вие мора да имате доволно познавање на германскиот јазик за да можете да работите во Германија. За одредени занимања е потребна потврда за познавање на германскиот јазик за да добиете работна дозвола. Доброто познавање на германскиот јазик е важно и за да можете брзо да се вклопите во Германија, да си создадете круг од пријатели и активно да го поминувате своето слободно време.

Соодветно на потребите на германскиот пазар на трудот, единствени јазици за комуникација на нашата платформа се германски и англиски. Доколку имате тешкотии околу пополнувањето на графите во онлајн-образецот, Ви препорачуваме задолжително да завршите курс по германски јазик.

Подолу на оваа страница можете да дознаете кои школи во Вашата земја нудат настава по германски јазик. Ве молиме да се распрашате директно во школата дали таа ги организира и потребните испити, и дали издава сертификат за познавање на јазикот којшто германските власти го признаваат.

Овде можете да учите германски јазик:

Учете германски онлајн

Курсеви по германски јазик ширум светот

Изберете земја за да најдете курсеви по германски јазик и испити за полагање по германски јазик во Вашата близина.

За жал, во оваа земја не ни е познат ниеден институт каде што можете да учите германски или да полагате испит по германски јазик. Дали знаете некој институт?
Ве молиме известете нè.

Дали знаете некој институт кој држи курсеви по германски јазик или каде што се полагаат испити по германски јазик, а којшто не е наведен овде?
Ве молиме известете нè.

Bitola

Kulturgesellschaft Bitola

Skopje

Goethe-Institut Skopje
Goethe-Zentrum Skopje
Kulturgesellschaft Skopje
Do you know of a school with German courses or German tests that is not listed here?
Please let us know.